Три јубилеја на три светски познати брендови за часовници

25 јуни 2013

Под слоганот „Часовниците што го променија светот слават роденден“ компанијата „Божиновски – часовници и накит“ организираше прес-коктел со кој ги одбележа родендените на три брендови што тие ги застапуваат – 30 години од постоењето на разиграните парчиња на Swatch (Своч), 160 години од основањето на традиционалните иноватори Tisso (Тисо) и 50 години од серијата Carerra на Tag Hauer, компанијата која инаку постои повеќе од 150 години. Овие три швајцарски брендови на часовници се сметаат за најуспешни во своите категории и благодарение на беспрекорните механизми и дизајните ги задоволуваат истенчените вкусови на љубителите и колекционерите на часовници.

 

 

Првиот часовник на Swatch на пазарот се појави во 1983 година и сите ги изненади со својот провокативен дух, необичниот дизајн и големиот успех. Триесетгодишникот зад себе ја крие приказната на вистински револуционер кој со својот популистички пристап во доцните 70-тигодини ја спасил часовничарската индустрија од пропаст. Револуционерната идеја на Николас Г. Хајек, основачот на брендот, да се произведе „втор часовник” кој би претставувал добро изработено парче на накит и притоа не би чинел многу ја спаси целата индустрија од смрт и ја донесе таму каде што е денес, на врвот на светот. За да се направи едноставен и ефтин, била напуштена дотогашната традиционалната поделба на деловите на часовникот (механизам, куќиште и рамка) и бил развиен модел на едноделен часовник. Резултатот е производ со швајцарски квалитет, отпорен на шок, прецизен, ефтин и масовно достапен во сите бои. Поради својот компактен изглед и модерните бои часовниците на Swatch се едни од најпродаваните во светот - произведени се над 300 милиони примероци. Брендот постојано поддржува спортови како сурфање, слободно скијање, сноуборд, одбојка на плажа, а омилен им е на Крис Браун, Џеси Џеј, Мика, на разни спортисти, дизајнери и уметници. Веќе некое време заштитно лице на Swatch за Македонија е спортистката и сликарка Дивна Пешиќ.

 

Компанијата Tag Hauer лани славеше 150-годишен јубилеj, а годинава сѐ е во знакот на 50-от роденден на часовникот што го носи името на славните Карера Панамерикански трки. Пред толку години беше дизајниран луксузен часовник лично од Џек Хоер, актуелен претстедател на компанијата, кој како како страстен љубител на автомобилизмот создал модел на мултифункционале часовник кој е широко отворен, лесно читлив, отпорен на шок и вода, дури и на најинтензивните брзини. Првиот Карера Хронограф бил црно-белиот модел „Панда” кој инстантно станал најпопуларен часовник меѓу рели-возачите во Европа и во САД. Денес тој модел е еден од најпосакуваните меѓу колекционерите на луксузни часовници. Часовниците на Tag Hauer ги носеле големите имиња во светот на формула трките како Алан Прост, Дејвид Кулхарт, Кими Рајконен, Фернандо Алонсо, Џенсон Батон, Луис Хамилтон, а во рекламните кампањи на брендот се појавуваат тенисерката Марија Шарапова и актерите Бред Пит, Камерон Дијаз и Леонардо Ди Каприо.

 

Познавачите велат дека успехот и уникатноста на брендот Tissot се крие во фактот што часовниците креирани од оваа куќа спаѓаат во средна ценовна група, но според естетскиот квалитет и изработката се ставаат на ранг на луксузни часовници. Приказната за еден од најиновативните брендови и пионер во часовничарскиот свет почнува во 1853 година во малиот шварцарски град Ле Локл, а од првиот џебен часовник со двевременски зони до револуционерната  технологија, T-Touch часовникот, компанијата Tissot има претставено серија на иновации, почнувајќи од технологија, материјал и дизајн, сѐ до часовници направени од камен, дрво и бисер. Низ годините моделите на Tissot ги носелеликови како славната актерка Сара Бернард, Елвис Присли, Грејс Кели, Нелсон Мендела. Поради својата исклучителна прецизност Tissot  е официјален мерач на време и партнер на NASCAR, FIBA, AFL, CBA, MotoGP и на светските шампионати во велосипедизам, мечување и хокеј на мраз.

 

 

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Актуел