Што и да направи првата дама на САД, Меланија Трамп, го привлекува вниманието на јавноста. Овој пат е актуелна со празничното селфи, кое е објавено на нејзиниот официјален Инстаграм профил.
За само еден ден, фотографијата е лајкувана повеќе од 200.000 пати, а коментарите се најразлични - од тоа колку е секси, до тоа дека ваква фотографија не прилега на една прва дама.
Сепак, она во што сите се согласуваат е дека стилот на Меланија Трамп е навистина беспрекорен.
Тоа го потврди и неодамна кога Белата куќа објави фотографија од неа и Доналд, како разговараат со 11 деца на кои се потрудија да им ги исполнат новогодишните желби. За пригодата, Меланија се појави во црвен капут-фустан со дворедно закопчување, а кога се обувките во прашање, одбра салонки во бела боја со цветен принт.
Инаку, божиќните празници семејството Трамп ги поминува на имотот во Палм Бич. На 25-ти декември во вечерните часови се појавија на божиќната миса во флоридската црква, а Меланија се појави во црн тесен фустан под колена, со карнер во долниот дел и сребрени украси околу половината и околувратникот.
Погледнете:
фото извор: Instagram.com; popsugar.com;