Британската 27 – годишна манекенка Попи Делевињ во петокот во црквата St.Paul во Кенсингтон, Лондон го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот долгогодишен партнер Џејмс Кук.
Прекрасната Попи за нејзината венчавка се одлучи за специјално изработен Шанел фустан, со рачно изработени детали од цвеќиња во горниот дел.
Фустанот беше изработен од висококвалитетен материјал со пократок горен дел од кој низ должината на нејзиното тело се спушташе дополнителен транспарентен дел со видливо извезен конец и цветови во долниот дел.
За нејзиниот најважен ден во животот, Попи се одлучи за неверојатно нежна шминка и пуштена коса во бранови, која дополнително ја красеше нежниот вел спуштен по должината на фустанот.
На свадбата, пристигнаа голем број на познати личности, меѓу кои и некои од британските дизајнери, актери и модели, а се чини најголем впечаток остави нејзината сестра Кара Делевињ и поранешната членка на групата Спајс Грлс, Гери Халивел.
Нејзината сестра, познатата британска манекенка Кара Делевињ, за свадбата исто така се одлучи за бел Шанел фустан, и повеќе од очигледно беше дека ги засени сите на свадбата.
Во придружба на Попи кон олтарот, биле и вкупно 17 деверици, меѓу кои се разбира и нејзините сестри Кара и бремената Клои (29), која за свадбата на нејзината сестра пак, се одлучи за волуменозен фустан на Викторија Бекам.
Сите гости на свадбата беа неверојатно модерни и стилски, а можеа да се видат и некои од најубавите фустани сезонава, меѓу кои и дел од колекцијата на одличната Мери Катранзу.
Целата свадба имаше и доста винтиџ моменти, па дел од гостите на манекенката пристигнаа во ретро Волксваген комбиња.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите од магичната Попи и дел од гостите на нејзината свадба!