Презентирани новите тенденции на Саемот за текстил во Париз

25 септември 2013

Екипа на модниот бренд Елена Лука и дел од тимот на fashionel беа присутни на еден од најзначајните светски саеми за текстил.

Почнувајќи од вчера, наредните неколку дена Париз покрај тоа што го има приматот на град каде најмногу се третира модата, е епицентарот на модните случувања со оглед на актуелната тамошна Модна недела.

Но, неодамна пред почетокот на целата модна еуфорија, од 16-ти до 19-ти септември се одржа еден од најголемите саеми за текстил Texworld, кој има значајно влијание во диктирањето на тековите во текстилната индустрија, а на кој присуствуваше екипа од македонскиот моден бренд Елена Лука и нивното присуство на саемот директно го проследи тимот на fashionel.

Високиот ранг на саемот го потврдува неговиот интернационален профил и застапеноста на  640 познати светски производители на текстил и облека од Јужна Кореја, Холандија, Турција, Индија, Кина и уште неколку други земји познати по развиената текстилна индустрија.

Се работи за една неопходна глобална платформа за професионални средби и разменување искуства помеѓу таргетираните групи.

“Присуството и директното доживување на тоа што го нуди програмата на саемот е значајно позитивно искуство кое секако придонесува за зголемувањ на квалитетот во професионалното ангажирање и секако пренасочување на светските тенденции кон нашиот пазар. Драго ми е што имаме можност како дел од македонски бренд, од прва рака да добиеме информации за тоа што се случува во светот”, изјави претставник од тимот на Елена Лука, која редовно прави анализи на пазарот и ги применува најновите тенденции во својата работа и покрај препознатливиот израз.

Прогресот го редефинираше саемот од место каде што се договараат бизнис соработки во една нова платформа која разви еден иновативен пристап и различен начин на истражување на пазарот и откривање на новите трендови, создавајќи предизвик за сите сетила. Програмата вклучува различни сектори и теми на интерес почнувајќи од дизајнерите и нивниот индивидуален пристап во креирањето на уникатни колекции, до споделување искуство на реномирани текстилни компании, практично презентирање на материјали меѓу другите  и: памук, волна, свила, тескас, техники на везење и принтање, изработка на накит,   презентации и конференции каде се споделуваат и  позитивните и негативните искуства и визионерско дефинирање на иднината на пазарот.

 

Во продолжение преку фотографии и видео погледнете каква беше атмосферата на саемот.

 

 

 

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Актуел