Првата фотосесија на Бруклин Бекам за Барбери

11 февруари 2016

Иако е вообичаено Бекамови да ги гледаме пред фотообјективот, најстариот син во семејството, Бруклин Бекам направи поинаков избор и застана зад фото апаратот за новата кампања на Барбери.

Имено, Бруклин оддамна има изјавено дека професионално сака да се занимава со фотографија, а ова е негов прв голем проект со кој може да го покаже својот талент.

„Бруклин има одлично „око" за фотографија и Инстаграм е брилијантна платформа на која може да ја прикаже својата работа. Неговиот стил и однос се токму такви какви што баравме за да го прикажеме духот на новата кампања, а јас ги обожавам фотографиите од денешнава фотосесија", изјави креативниот директор на Барбери, Кристофер Бејли за Бруклин како нов фотограф на неговата кампања.

Фотографиите кои инаку очекувано беа направени на лондонските улици, екслузивно ги објави онлајн магазинот Buro 24/7.

 

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.497 пати