Реј Бан и официјално е по кул бренд од Шанел

24 септември 2013

Листата на 20 најкул брендови во Британија откри дека Реј Бан е пoшик бренд од Шанел, Прада и Александар Меквин.

Можеби и не е за изненадување, но ние мора да споменеме дека на првото место секако се најде Епл, омилен и на моделите Дејзи Лав, публицистот Лиз Метјуз, претприемачот Кели Хопен како и дизајнерот Џулиен Мекдоналд.

Kate Moss - Ray Ban

Легендарниот произведувач на автомобили Астон Мартин се најде на второто место, Ролекс на третото, Најк на четвртото и на петото место единствениот Гластонбури фестивал.

Брендот за очила Реј Бан се најде на 11 – то место, а малку зад него се најдоа и популарните брендови како Шанел (на 13), Прада (на 14) и Александар Меквин (на 19 – то место).

Листата на најкул брендови ја состави „Кул Брендс“, како дел од „Супер Брендс“ групацијата составена од уредници на магазини, музичари и разни експерти.

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Актуел