Сакате уникатни Реј Бан очила? Сега можете да ги имате

10 јули 2013

За 155 евра на службената Реј Бан страница од неодамна можете да си направите уникатни рамки за очилата за сонце, како и оние за диоптрија.

Одличен потег на познатиот произведувач на очила собра одлични коментари, затоа што нема личност која во својата колекција на очила за сонце не сака да има еден култен модел во верзија која сама ќе ја осмисли.

Реј Бан ви нуди неколку од своите најпознати модели, во интересни бои, неколку леќи со кул нијанси и можност за персонализација на дршката.

Имате опција на надворешната и внатрешната страна да внесете збор кој содржи максимум пет зборови поради што вашите Реј Бан очила стануваат само ваши и уникатни.

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци