Еден од најпознатите и омилените брендови за очила за сонце, претставува две одлични колекции за претстојното лето и тоа Stylish и Tech и Active. При создавањето на овие колекции се користени иновативни материјали, како карбонски влакна, титан и LiteForcе, што ги прават очилата удобни и технолошки современи.

Сепак, препознатливиот стил е задржан како и елементите на брендот. Впечатливите бои, рефлектирачки леќи и футролата од кашмир ги прави моделите од колекцијата Stylish мошне привлечни за љубителите на овој моден додаток.

За оние што ги сакаат класичните модели и се верни на легендарните модели Aviator i Wayfarer, повеќе ќе бидат привлечени од колекцијата Tech, која ги содржи токму тие модели но во освежено руво.

Од компанијата велат дека овие колекции на Реј Бан се во склад со водечките свети ifestyle трендови и се совршен додаток за сечиј моден стил.

Во продолжение погледнете ги моделите:

Ray Ban Tech Ray Ban Tech

Ray Ban Stylish Ray Ban Stylish

Ray Ban Active Ray Ban Active

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци