Ријана топлес за новата кампања на MAC
•
8 јануари 2014
Само неколку дена по објавувањето на лудите фотографии од нејзината новогодишна забава во Њујорк, Ријана ги почести своите обожаватели со топлес фотографија од новата кампања на козметичкиот бренд MAC.
Иако ова не е нејзината прва кампања за брендот, истата дефинитивно е најсекси досега.
Фотографирана од двојката Инез и Винод со кои соработуваше и за фотосесијата за Балман, Рири изгледа неверојатно секси со руса боб фризура и совршен црвен кармин од нејзината ексклузивна соработка со брендот.
Новата колекција на Ријана во соработка со MAC вклучува прекрасни кармини и сјаеви за усни, а истата ќе биде пуштена во продажба на 21 – ви месецов.