Роберто Кавали презентираше мини колекција во Бразил

24 октомври 2013

Светски познатиот дизајнер Роберто Кавали во Сан Паоло ја презентираше својата мини колекција за модната недела C&A Бразил.

-Среќен сум што ја имам можноста да ја презентирам својата работа во оваа прекрасна земја. Исто така сум задоволен од присуството на овој моден настан во Бразил. Кога размислувам за новата колекција, замислувам фантастична забава каде сите жени се облечени во гламурозни и сензуални парчиња облека, вели Кавали и додава дека инспирацијата секогаш ја црпи од природата и чудата што таа ги создава.

Капсулната колекција на Кавали ја карактеризира животинскиот принт имплементиран на дневни парчиња, гламурозни вечерни модели како и впечатливи аксесоари. Неодамна беше објавен и едиторијалот  од официјалната рекламна кампања чие заштитно лице е манекенката Ирина Шајк.

 

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Актуел