Роденденска колекција на Lacoste

11 јуни 2013

Францускиот бренд Лакост го одбележува 80. роденден, па по тој повод дури девет луксузни француски брендови од различни сфери креираа идеални Лакост подароци. Куќата за накит Бушерон изработи неодоливи брошеви во облик на препознатливиот крокодил од дијаманти и смарагди, додека луксузната модна куќа Хермес дизајнираше специјална зелена чанта за тенис од крокодилски дезен.

Иако обожавателите на Лакост веднаш полудеа по оваа колекција, примероците од лимитираната едиција нема да се најдат во продажба, туку ќе можат само да се видат во парискиот Колет од денес до 15 јуни. Секој од подароците на луксузните брендови го содржи духот на тениското наследство на Лакост. Еден од најинтересните делови во роденденската приказна се чоколадните еклери, дело на Fauchon, на кои ретко кој може да им оддолее.

Сите подароци за роденденот на Лакост погледнете ги во галеријата.

Објавено:
11 јуни 2013
Категорија: 
Актуел