Русокосите и лудата забава на пиедестал во новата кампања на Ланвин

27 јануари 2014

Прекрасни русокоси се дел од новата кампања на модната куќа Ланвин за сезоната пролет/лето 2014 година.

Во фотосесијата направена од познатиот моден фотограф Стивен Мејсел, брендот прикажа супер парчиња во весели бои што се како создадени за пролетната сезона.

Фустаните и палтата што можат да се видат на фотографиите, се во прекрасни и интензивни бои како неонско сина, златна, виолетова и потемно розова.

Во слични бои се и деталите што брендот ги понуди за следната сезона, како чантите и накитот на кој можевме да видиме интересни ѕвезди во фокусот.

Сите парчиња што брендот ги прикажа се како создадени за летните забави до доцна во ноќта на кои лудиот помин ви е загарантиран со оваа колекција.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел