Се намалува ли расната поделба во модните агенции?

25 јуни 2014

modeli

„Во последните две дезони, видов се повеќе млади жени што имаат темна боја на кожата, голема разновидност на дами, што не беше случај со години“, вели њујоршкиот дизајнер Трејси Рис за Гламур. Тој пред се потенцира на тоа дека на модната недела во Њујорк за есен/зима 2014 доминирале нови лица, кои многу ветуваат, а со тоа гледа големо подобрување во однос на балансот помеѓу моделите од различна раса на писта, а со тоа и во модните агенции.

Во текстот подолу ќе се користи синтагмата модели што немаат бела боја на кожата, а во таа група ќе спаѓаат Афро-американките, Азијатките, Латиноамериканките, оние со мешана раса итн...

Според статистиката направена за сезона Пролет 2014 и Есен 2014, статистиките се следни:

Од десна страна се агенциите кои биле вклучени во истражувањето и кои ги дале своите податоци. Моделите со бела раса се се уште доминантни, сепак кај дел од агенциите дури третина од вкупниот број се од друга раса, а има и таква каде што нема ниту еден од друга раса освен бела.

Во следните две табели се гледа процентот на моделите од друга раса застапени по шоу (табела 1), како и промената (процентуално изразена) на моделите со друга боја на кожа од бела од шоу (Пролет) во шоу (Есен) - табела 2.

табела 1

табела 2

Објавено:
25 јуни 2014
Категорија: 
Актуел