Меган Маркл: Ме избелуваат на фотографии

22 март 2017

„Кога моите баба и дедо одлучија да се преселат со семејството од Охајо во Калифорнија, мајка ми имаше седум години. Петчленото семејство се спакува и со автомобил стаса до Лос Анџелес. Дедо ми ми ја раскажа оваа приказна кога имав 11 години. На времето, патувањата за мене беа колекција од прашањата од типот „Стасавме ли“ или „Уште колку“, игра со регистарските таблички, табли за добредојде од една држава во друга и локалните ресторани каде што можеш да ги „протегнеш“ нозете. „Работите беа поинакви тогаш“, ќе речеше дедо ми.

„Меги, на нашето патување, кога отидовме во Kentucky Fried Chicken, моравме да одиме од задната страна за „обоените“. Вработените од кујната ми го подадоа пилешкото од задната врата и го јадевме на паркингот. Тоа беше тоа, токму така се случи“.

Тоа беше тоа.

Оваа приказна сè уште ме прогонува. Ме потсетува на тоа колку нашата држава е млада. Колку далеку стасавме и колку уште имаме да одиме. Ме тера да помислам на безбројните црни шеги што луѓето ги споделуваа пред мене, не сфаќајќи дека сум „мешана“, несвесни дека сум етнички мешана. Ме поттикнува да размислувам на тоа што доживеале моите родители како двојка од различни раси. Сè уште се слуша ехото кога мајка ми и заминувавме од еден концерт и една жена ја нарече со зборот на „Н“ (Нигер, црнкиња), затоа што зборувала многу на излегувањето од концертот. Се сеќавам колку ја почувствував кожата жешка, колку воздухот околу мене се запали.

До Мартин Лутер Кинг Џуниор, Харви Милк, Глорија Стејнем, Цезар Чавез, мајка ми и татко ми што се одбрале еден со друг не поради „бојата на нивната коќа, туку содржината на нивниот карактер“, до сите шампиони на промената: Ви благодарам“, вака звучи писмото на актерката Меган Маркл, кое го сподели со јавноста минатата година.

Оваа пак, е дел од априлското издание на магазинот „Алур“, кое ја слави различноста, инклузијата, политиката на расата и тоа преку приказните на 41 жена со различна боја на кожата.

Во оваа пригода, ѕвездата на „Suits“ и девојка на принцот Хари, проговори повторно за расистичките коментари во Холивуд и проблемите со кои се соочувала.

Од мајка Афроамериканка и татко од Европеидната раса, актерката на кожата има дамки и бемки, кои речиси секогаш требало да бидат отстранети.

-На снимањата, фотографиите по медиумите, кампањите и слично, мојата кожа секогаш е избелувана. Свежи ми се сеќавањата кога имав седум години и кога мајка ми ме земаше од куќата на баба ми. Бевте трите една до друга, семејно дрво – од  нијанса на мока (баба ми) па кожа во боја на карамела која ја имаше мајка ми до светла кожа со дамки, што ја имав јас. Се сеќавам на чувството на припадност што го имав, што немаше никаква врска со бојата на мојата кожа – вели Маркл за магазинот.

Таа додаде дека за време на студиите, учеле за различните тонови на кожа и како тогаш за првпат се чувствувала премногу „светла“ во “црна“ заедница и премногу „мешана“ за „белата“ заедница.

-На кастинзите, секогаш бев премногу бела за црните улоги. Исто така, како да бев амбивалентна. Дали сум Латиноамериканка? Егзотична Европејка? Сефарди?. Додајте пеги во миксот и тоа ќе создаде вистинска загатка. Дури и моето милениче се лути кога тонот на мојата кожа се менува, а пегите и дамките се бришат – вели актерката.

Воедно, оваа приказна е добар момент за да ги охрабри сите што се соочуваат со слични проблеми.

-До сите мои пријатели со пеги и дамки низ светот, ќе споделам со вас нешто што татмо ми ми го кажа кога бев помлада, а тоа е : „Лице без пеги е како ноќ без ѕвезди“.

Освен Маркл, своите приказни за „Алур“ ги споделуваат и Џесика Алба, Пријанка Чопра, Ева Лонгорија, Зои Кравиц и многу други.

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.459 пати