Топ моделот кој не почитуваше здрава храна!

20 ноември 2017

Кејт Мос има 43 години и е една од најплатените во модниот бизнис. Нејзината кариера трае веќе 25 години и позната е по тоа што многу ретко дава интервјуа. Сè што некогаш сме дознавале за неа било од жолтиот печат. Сè уште работи за Вог, има сопствена модна агенција и соработува со јапoнскиот козметички бренд Decorté. За „Гардијан“ Кејт Мос ќе проговори за тоа како ја негува својата кожа, како редовно вежба и внимава што јаде.


„Исхраната е исклучително важна, се обидувам да јадам здраво, но сум презафатена. Сепак знам да направам добро месо, сè уште. Почитувам добар доручек, затоа што како старееме мора да внимаваме што внесуваме во нашиот организам. Кога бев помлада не бев загрижена толку многу, ниту пак ми беше гајле“, вели таа.


Доволно е да се потсетиме дека за време на нејзините славни денови, беа објавувани фотографии како конзумира кокаин и како заврши на клиника за одвикнување.


„Мојата кожа сега изгледа многу поздраво откако почнав здраво да се хранам, откако ги исфрлив сите маснотии. Јадам само салата и месо. Јас искрено порано никогаш не јадев салати. Сега почнав да си правам и природни сокови. Кожата ја негувам многу едноставно. Не сакам да се малтретирам со разни производи па да не знам кој производ кога да го нанесам на мојата кожа. Немам таква навика со часови да седам пред огледало и да си нанесувам разно разни кремчиња. Мене ми треба нешто што навистина делува брзо. Порано знаев да си легнам во својот кревет со шминка, но не така често. Често знам да си седам со маска кога си гледам телевизија по дома“ додава Мос.

Без разлика дали работи или не, секогаш има иста рутина.

-Користам средство за чистење на лице, серум и навлажнувач за кожата. Никогаш не вежбав, сега почнав и да одам во теретана. Секогаш имав одбивност кон теретана, сега кога почнав баш се навикнав да одам секој ден. Ги гледам резултатите. Мислев дека е мачење, а сега веќе уживам. Дури ми се намали струкот.


Кејт Мос беше позната по тоа што не се грижеше за својата коса, но во последно време и тоа го смени иако вели дека не премногу. Но, Кејт сака да си игра со шминката, особено кога е дома сака да експериментира.

„Сакам убаво да се облекувам. Тоа е мојата страст. Што се однесува до приватноста, колку повеќе ја имам толку сум посреќна. Не сакам да им кажувам на луѓето каде одам, што правам, каде се наоѓам. Едноставно сакам да живеам по своите правила“, вели топ моделот.

 

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.603 пати
Извор: 
the guardian