Седум прекрасни жени во новата кампања на Џими Чу

29 јуни 2016

По повод 20 годишнината од брендот, Џими Чу сними одлична кампања во која смести некои од најубавите модели кои било кога се појавиле на сцената.

Планетарно популарниот дизајнер ги ангажираше Саша Пивоварова, Мила Јовович, Амбер Валета и уште неколку други прекрасни девојки заедно да го прослават јубилејот на брендот.

„Кампањата 2016 е рефлексија на карактерите кои го претставуваат брендот низ годините и кои ќе продолжат да го прават тоа. Истата е модерна визија на жената што носи Џими Чу која претскажува сосема ново поглавје во брендот“, изјави Сандра Чои, креативен директор на брендот.

Кампањата е снимена во студио на минималистичка позадина, а прекрасните девојки ги стилизираше Сара Ричардсон, а фотографираше Крег Мекдин.

На фотографиите по повод 20 годишнината на брендот, можеме да видиме тотално различни модели чевли, почнувајќи од кадифени чизми, сандали со ремчиња, кожени чизми до колена, стилски сандали и потпетици и очила за сонце.

Многу наскоро ќе биде објавено и видеото кое ќе ја следи кампањата, а истото ќе биде објавено на нивната веб страница.

Објавено:
29 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
274 пати