„Шанел“ ќе ја финансира француската кинотека во наредните три години

14 јули 2021

Следејќи ги стапките на Коко Шанел, модната куќа која го носи нејзиното име ќе биде главен спонзор на „Француската кинотека“ во наредните три години.

Оваа соработка првично започнала во 2018 година, со реставрација на филмот „Les Dames du Bois de Boulogne“, која продолжила во 2020 година со поддршката на проектот посветен на опусот на Жан-Лук Годар, а сега ја потврдија веста дека ќе бидат дел од оваа институција и во наредните три години.

Врската на „Шанел“ со седмата уметност датира уште од 1930, а во наредниот период куќата ќе се вклучи во интересни проекти кои ќе вклучуваат и ретроспектива на филмовите на Ален Рене.

Инаку, еден од најпознатите филмски фустани на „Шанел“ е „Marienbad dress“, кој го носеше Делфина Сејриг во „Last Year in Marienbad“ во 1960, кој и денес се памети.

 

Објавено:
14 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
139 пати