Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот

14 јули 2024

Шенон Доерти, за многумина позната како Бренда од серијата Беверли Хилс, почина по долгата борба со ракот. Имаше 53 години.

 Актерката на која што и беше дијагностициран рак на дојка во 2015-та година, до последен миг се бореше со подмолната болест, а се појави и на римејкот на култната Beverly Hills, 90210 во 2019-та.

 За прв пат започнува да глуми на 10 годишна возраст, но она што ќе ја прослави ќе биде токму хит серијата од 90-те Беверли Хилс, каде ја играше Бренда Волш.

Иако ракот за кратко се повлече во 2017-та, две години подоцна Шенон ги извести фановите дека повторно се вратил и се проширил.

Сепак актерката не дозволи тоа да ја запре и продолжи да работи и јавно зборуваше за нејзината тешка битка во обид да ги охрабри сите што поминуваат низ истото.

Сега сакам најмногу да работам, да дадам сè од себе, затоа што сум благодарна за секоја секунда, за секој час, за секој ден што го имам. - изјави Шенон во една прилика.

Холивуд изгуби уште една храбра актерка и жена, а таму некаде Дилан можеби повторно ќе ја пронајде својата Бренда.

Фото: Pinterest

Објавено:
14 јули 2024
Категорија: 
Актуел