Шест работи што Бразил му ги даде на светот на модата и убавината

10 јуни 2014

Пред почетокот на најголемиот спортски настан  на годината што буквално ќе го тресе светот ова лето, светското првенство во фудбал, чиј домаќин оваа година е најколоритната земја Бразил, решивме да ви презентираме шест работи што Бразил како земја со богата традиција и култура, но и како земја која ги има најубавите жени во светот, помогна во афирмацијата на модата и убавината во светски рамки.

Бразилски третман за коса

Бразилките кои мачат мака со кадравата и непослушна коса, можат да му се заблагодарат на својот народ за создавањето на полу-трајниот третман за исправување на коса на база на кератин. Овој протеин се нанесува на косата, а потоа таа се притиска на преси за исправување на кои длабински го „внесуваат“ кератинот во косата, со што локните се исправуваат.

Флип-флоп апостолки

Дали знаевте дека апостолките ги измислил Шкотланѓанец? Во 1962 година, Роберт М. Фрејзер беше првиот кој ги создаде популарните апостолки користејќи гумен материјал. Овој тип на влечки уште е познат и под името хавајки. Името на апостолките хавајки доаѓа од португалскиот збор „Hawaiians“, а поради нивната удобност и ултра модерен изглед по лансирањето биле продадени над четири милијарди примероци на модели. Во 1998 година кога светското првенство во фудбал се играше во Франција, бразилците решија како поддршка на својот тим на сите апостолки да изгравираат мало бразилско знаме. Така, овој посакуван модел на обувки од тогаш се смета за бразилски заштитен знак.

Бразилска депилација

Вадењето на влакна од телото со восок и ленти е исто така метод за убавина кој го измислиле бразилците. Станува збор за седум сестри кој во 1987 година отвориле салон за убавина и го применувале овој начин за отстранување на несаканите влакна од телото кај жените.

Фустанот што Кејт Мидлтон го носеше на својата веридба е дело на бразилски дизајнер

Фустанот што Војвотката од Кембриџ го носеше на својата забава по повод веридбата со принцот Вилијам е дело на бразилската дизајнерка Даниела Иса Хелајел. Оваа креаторка има и свој бренд насловен Иса и важи за еден од најлуксузните брендови не само во Бразил туку и пошироко. Интересно е што дизајнерката има и своја продавница во Лондон, на познатата Бонд Стрит. Средбата со принцезата била случајна и од тогаш нивната соработка трае.

Најубавите и најзгодните манекенки имаат бразилско потекло

Жизел бундшен, Адриана Лима, Александра Амбросио, Изабел Гуларт, Ракел Цимерман и Изабели Фонтана се само дел од армијата модели кои имаат бразилско потекло, а важат за едни од најпознатите и најдобро платените модели.

Пластичните чевли Мелиса

Можете или да ги сакате или да ги мразите, но сигурно нема да им одолеете на фантастичните модели на Мелиса чевлите. Нестандардниот изглед на обувките од брендот Мелиса едноставно стана синоним за Бразил особено по неколкуте соработки со светски познати дизајнерски имиња, како Вивиен Вествуд, Карл Лагерфелд, Герет Пу и познатата архитектка Заха Хадид. Како и да е, поради уникатноста на дизајнот сите сакаат да имаат барем еден пар од овие преубави чевли.

Брилијантни модни дизајнери

Меѓународната модна сцена брои врвни дизајнерски имиња кои доаѓаат од Бразил. Меѓу најафирмираните е името на Франциско Коста, кој беше креативен директор на Келвин Клајн. По него мошне познат е и Карлос Мјеле, Барбара Касарола и Лукас Нашименто.

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Актуел