Најпосакуваните фудбалери на Светското првенство 2014!

13 јуни 2014

Фудбалот е спорт кој е квалификуван како најважната споредна работа во светот. Дека тоа е така потврдуваат и реките луѓе кои специјално за големото Светско првенство се упатија кон егзотичниот  Бразил, земјата чие тло е избрано да ја впише фудбалската историја за оваа година. Светското првенство во фудбал е спортска манифестација која ги обединува сите земји во светот во едно големо срце чии биења се наменети за репрезентациите кои ќе се натпреваруваат.

Кристијано Роналдо од Португалија Кристијано Роналдо од Португалија

Официјалниот старт беше означен, а честа да го отворат им припадна на домаќините Бразил кои  играа  против шармантната коцкаста репрезентација на Хрватска.

Италијанската репрезентација Италијанската репрезентација

Во прилог на најголемото спортско случување кое со сигурност ќе ја одбележи оваа година ви подготвивме листа на најпосакувани фудбалери кои ќе настапат на овој мундијал. Интересен е фактот што на листата од секоја земја има одбрано по еден фаворит, освен многуте  неодоливи играчи од репрезентација на Италија. Се чини дека експертите не можеа да се одлучат само за еден од италијанските играчи,  па на листата ја ставија целата репрезентација и со тоа италијанците уште еднаш покажаа и докажаа дека тие се убедливо најмодната, најубавата и најпосакуваната нација, барем кога се мажите во прашање.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Сцена