Што да избегнувате да носите кога е премногу топло

12 јули 2016

Екстремно високите температури ни го отежнуваат секојдневното функционирање. Затоа особено треба да сме рационални при изборот на облека или модни додатоци, па со тоа да си го олесниме, наместо да си го комплицираме секојдневието.

Во прилог ви посочуваме неколку совети, што да избегнувате да носите кога е премногу топло, а при тоа и која е најсоодветната замена.

Прстени

Во лето дланките ни се склони кон потење. Затоа избегнувајте да носите прстени. Наместо, одберете други модни додатоци како обетки или лесни ланчиња.

Свила

Од изборот на материјали најсоодветни за оваа сезона се лен или чист памук. Одбегнувајте парчиња изработени од свила.

 

Тесен џинс

Искористете го моментот кога апсолутен тренд е широкиот џинс или оној со ѕвонест крој. Екстремно тесните фармерки сигурно нема да ви бидат најпријатен избор на екстремно високи температури.

Црна или темни бои

И покрај тоа што е незаменлива класика и сите во својот плакар имаме бројни парчиња во црно, сепак одбегнувајте ја во летниот период. Наместо црна или темни бои, оставете повеќе простор во вашите летни стајлинзи за свежи, светли и пастелни бои.

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.587 пати