Синтија Роули дизајнираше сурферски костими за J. Crew
•
14 мај 2014
Американската дизајнерка Синтија Роули ги прошири своите дизајнерски таленти кон создавање на сурферски женски костими. Станува збор за ограничено издание на костими во колорни блокови.
Новите спортска опрема за сурфање за жени е специјално изработена за J.Crew, а ќе се најде како во бутиците на брендот така и на онлајн продажба.
Очекувањата на дизајнерката и брендот се дека овие костими ќе станат доста популарни бидејќи американците преферираат често да ја обновуваат својата опрема и да го поседуваат најновото што се нуди на пазарот. Цената на сурферскиот костим изнесува 210 долари.