Swatch Swatch

Светското фудбалско првенство е во тек, а се чини дека буквално се сè врти околу најважната споредна работа во светот. Јужноамериканската егзотика и националните бои на Бразил инспирираа бројни модни брендови, кои не пропуштија овој период да лансираат барем еден производ инспириран од СП. Најновите модели на очила за сонце од италијанскиот бренд Гучи се токму во боите на Бразил, слични очила претставуваат и Полароид и Лакоста, додека Суперга се погрижи за патики во колорни блокови, Swatch  за часовници, Yamamay за женски костими за капење, а пак Самсонајт за стилски куфери.

Samsonite Samsonite

 

Сепак најмногу се потруди козметичката индустрија. Зелената и жолтата боја ќе го одбележат летото, а истите може да се видат на амбалажите од балсами за тело, тоалетни води, креми за сончање  со потписот на Ланком, Ескада, Сефора итн.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци