Во Париз вчера се одржаа филмските „Цезар“ награди, што воедно се сметаат за најважен настан од таков тип во Франција, па оттаму се наречени и „француските Оскари“.
Тоа беше повод да се видат бројни ѕвезди од тамошната сцена на едно место, но некои и од холивудски познатите имиња.
Меѓу нив беше и актерката со шпанско потекло, Пенелопе Круз (43), која доби почесен „Цезар“ , награда која претходно им била доделена на Џорџ Клуни, Мајкл Даглас, Мерил Стрип, Шон Пен...
Таа на настанот се појави во раскошна креација на „Версаче“ во кралско виолетова боја, кој го усогласи со црна клач чанта и црни обувки. Внимание привлече и скапоцениот накит што го носеше на себе.
Инаку, таа на настанот се појави во друштво на сопругот Хавиер Бардем. При преземањето на наградата не можеше да ги сокрие емоциите, посочувајќи дека Франција отсекогаш била многу посебна за неа.
Наградата ѝ ја врачи Марион Котијар, која како овој пат да потфрли со изборот на облека. Таа важи за една од најдобро облечените Французинки, но за оваа пригода одбра сребрена асиметрична креација, со животински принт и огромен “шлеп“ од брендот „Халперн“, што и не беше баш најсовршениот избор.
Покрај Пенелопе, на настанот присуствуваа и Жулие Бинош (во Балман), Ванеса Паради (Шанел), Исабел Ипер (во Диор) и други, а како изгледаа, погледнете во продолжение.
Комплетната листа на наградени пак, можете да ја погледнете ТУКА.