Слушнете ја песната што ќе нè претставува на Евровизија во Торино

5 февруари 2022

Во емисијата „Стисни плеј“, која вчеравечер имаше специјално издание, беше прогласен годинашниот македонски претставник на „Евровизија“.

Покрај гласовите од публиката, која имаше шанса да ги даде преку онлајн гласање, своите гласови ги даде и стручно жири. Виктор Апостоловски и Андреа Коевска беа со идентичен број гласови, со што кај Виктор беше поголем бројот  на оние од публика, а кај Андреа оние од стручното жири, по што таа беше и прогласена за победник.

Инаку, во трка беа уште четири изведувачи - Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди и Ris Flower.

Оваа ситуација разбуди многу коментари на социјалните мрежи, но на крајот впечатокот беше дека позитивното оваа година е што видовме шест млади и талентирани луѓе, со нова, модерна музика.

Инаку, песната со која победи Андреа е насловена „Circles“ и е дело на Александар Масевски.

Своите впечатоци младата изведувачка ги сподели на социјалните мрежи:

 А доколку се' уште не сте ја слушнале победничката песна, сторете го тоа во продолжение:

 

 

Објавено:
5 февруари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.800 пати