Соба за медитација во трговски во Лондон

30 ноември 2013

Трговскиот ценатр „Селфриџ“во Лондон, сега на купувачите по шопингот им нуди соба во која можат да се одморат и релаксираат. Како што ја нарекуваат „Соба на тишината“ , е популарна и речиси секој сака да влезе и да проба да остане некое време внатре. При влезот во оваа просторија, купувачот треба да ги соблече обувките и да го остави мобилниот телефон. Бидејќи сега е сезона на попусти по повод празниците, ова на потрошувачите и тоа како им годи, после напорното шетање и туркање низ гужвата. Инаку, ангажирани се и волонтери што пред се сакаат да и направат што поголема промоција на медитацијата.

 

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Актуел