Стефан Лафај за претседател на Азија

3 јули 2014

Стефан Лафај за претседател на Азија – новосоздадена позиција во рамките на брендот. Пред да му се приклучи на Мајкл Корс, Лафај беше заменик претседател на брендот  Tiffany & Co на подрачјата на Азија, Пацификот и Јапонија. Тој исто така беше и претседател на брендот за накит Булгари на подрачјето на Јапонија од 2004 до 2009 година и генерален менаџер за парфемите потпишани од Нина Ричи за групацијата Пуж од 2001 до 2003 година. На неговата нова позиција, Лафај ќе треба да му поднесува извештај на претседателот и извршен директор на Џон Д. Ајдол.

„Азискиот пазар е важен регион за континуиран развој на нашиот бренд кој треба да порасне и да го одржи епитетот на глобално луксузна етикета. Во изминативе две години ние бевме во можност двојно да ги прошириме нашите продавници во овие земји и сега имаме над 100 локации каде успешно менаџираме и постоиме за нашите клиенти. Стефан има навистина долга историја во градење на луксузни бизниси во Азија. Своите вештини и искуството на Стефан ќе бидат навистина огромна предност за нас“, изјави Ајдол за медиумите.

Стефан Лафај ќе биде назначен на новата функција на 28-ми јули.

 

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Актуел