Сваровски со симболични награди на претстојните CFDA

22 април 2014

На 2-ри јуни во Линкол центарот ќе се случи доделувањето на престижните американските модни награди доделени  од советот на дизајнери во Америка. Австрискиот бренд Сваровски по повод 13 годишното партнерство со CFDA, со сите девет номинирани дизајнери за награда,  ќе работи на темата „Lucky 13“ (Среќна 13-ка“). На листата номинирани за претстојното издание стојат имињата на, Вес Гордон, Шејн Габиер,  Кристофер Питерс, Рози Асулин, Ирина Нурит, Марк Алару, Џенифер Фишер, Тим Копенс, Тод Снајдер и Шејн Оливиер.

Врз основа на поставената тема дизајнерите ќе изработат аксесоари  од чија понатамошна продажба сите приходи ќе бидат донирани за развивање на менторски програми насочени кон развивање на слободната уметност во Њујорк.

Инаку, американскиот совет на дизајнери го сочинуваат 450 членови кои секоја година доделуваат награди за најдобрите во дизајнот, а оваа година и Сваровски ќе додели награди за најдобар дизајнер на женска и машка колекција, како и награда за најдобрата колекција аксесоари.

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Актуел