Светските модни брендови се приклучија на розовата кампања за борба против рак на дојка

7 октомври 2013

Октомври на глобално ниво е прогласен за месец на борбата против ракот на дојка за зголемување на свесноста за процентуално огромната застапеност на оваа болест. Со цел да се поддржи оваа кампања организирана од страна на големите добротоворни организации, голем број светски модни брендови се вклучија со свој придонес за да се соберат средства за истражување, превенција, дијагноза, третман и лекување на овој карцином.

Хуманата мисија симболично обоена во розова боја, ги соедини светските модни и козметички  брендови како: Сваровски, Блумарин, Ралф Лорен, Томи Хилфигер, QVC и други звучни имиња кои секој на свој специфичен начин овој месец ќе го посвети на добротворната цел.

Со купување на производите од розовата кампања на брендовите директно се надополнува фондот на средства за борба против рак на дојка.

 

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Актуел