Тесната долна облека може да биде штетна по здравјето

3 февруари 2014

Голем број од жените многу често носат тесна долна облека сѐ со цел да ги сокријат недостатоците на своето тело што многу им пречат, или пак за да истакнат некои од предностите.

Жените најчесто се одлучуваат за тесна долна облека во моментите кога носат тесен фустан што ја следи линијата на телото. Некои жени пак, секојдневно ја практикуваат тесната долна облека без да се свесни колку таа е штетна по нивното здравје.

Експертите предупредуваат дека жените мора да престанат да носат тесна долна облека, бидејќи истата им нанесува огромна штета притискајќи го нивното тело, односно нивните органи.

Докторите сметаат дека носењето на тесна облека кај жените може да предизвика големи проблеми со нивниот желудник, потоа болки во стомакот, подуеност, гасови како и различни инфекции.

Покрај ова, жените со носењето на тесна долна облека се изложуваат и на проблеми со мокрењето, како испрекинатост и лажни нагони за мокрење.

Докторите ширум светот тврдат дека ваквата облека го зголемува притисокот врз долниот дел на стомакот од каде и настануваат сите понатамошни проблеми.

Тие се категорични дека ваквиот тип на долна облека го спречува и нормалното дишење, а може да доведе и до напади на паника. Носењето пак на многу тесни хулахопки, може да доведе до проблеми со нозете – слабата циркулација на крвта, проширените вени и отечените глуждови се само неколку од здравствените проблеми што може да ги предизвика тесната долна облека.

По ова, ние се надеваме дека при следниот шопинг ќе набавите навистина удобна и лежерна долна облека за да не бидете жртва на некои од горенаведените проблеми.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Актуел