TOKYO од последната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА го имаше своето модно деби и ги освои сите погледи

18 мај 2023

Еден од највпечатливите модни моменти на вчерашната забава на магазинот УиЗ беше новиот хит модел TOKYO од актуелната колекција на нашиот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, што го носеше младата Верица Донев и одлично ѝ прилегаше.

Се работи за многу атрактивен дизајн на младешки и смел модел, варијанта на безвременскиот мал црн фустан со отворено деколте и во мини должина.

Она што му дава екстравагантна нота на целиот изглед се црните дамски ракавици кои перфектно го надополнуваат.

За да се постигне секси изглед, делот кај градите беше споен само со врвка, а стајлингот целосно одговараше на сензибилитетот на Верица.

Фустанот TOKYO е ексклузивно парче од новата колекција WannaBe на нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Тој е идеално решение за секоја млада дама која што сака да го истакне својот сексипил во едно совршено издание кое никој нема да остави рамнодушен.

"Претпочитам елегантен стил, но со доза на сексапил и токму затоа многу ми се допадна новата колекција од ЕЛЕНА ЛУКА WannaBe.

Средена коса, сјајна кожа, насмевска на лице и харизма е мојата дефиниција за личен стил, а кога станува збор за дизајнер секогаш ја одбирам ЕЛЕНА ЛУКА.

Ја обожувам елеганцијата на 60-те и 70-те, а најомилено парче во мојот гардеробер е краток црн фустан.

Во однос на модните додатоци часовник и добри обетки се мој фаворит и преферирам нежен накит што само ќе го надополни мојот стил"- ни изјави Верица која беше дел од организацијата на 15. роденден на Убавина и здравје, на којшто беа доделени наградите за општествена одговорност.

Објавено:
18 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
602 пати