Томи Хилфигер има 50 идентични комбинации во плакарот

14 ноември 2016

Иако веќе преку 30 години е еден од водечките американски дизајнери, што преку својот бренд наметнува и диктира трендови, Томи Хилфигер приватно воопшто не се заморува со изгледот.

Неговата книга „American Dreamer: My life in Fashion & Business“ е објавена на 1-ви месецов, а во неа 65-годишниот Хилфигер зборува за неговите животни и деловни подвизи.

Дизјанерот, открива дека воопшто не носи парчиња од спортската линија поврзана со брендот, а која на глобално ниво остварува заработка од речиси седум милијарди долари.

-Имам 50 бели кошучи, 50 панталони, 50 чифта фармерки и 50 чифта бели патики. Имам и некои морнарско сини и сиви одела, како и црни и кафени чевли. Како униформа, навистина – вели Хилфигер во едно поранешно интервју за „Тамјс магазин“.

Во книгата пак, тој се присетува и на моментот кога го запознал Мајкл Џексон и тоа во текот на неговата најголема популарност во 1980-тите. Тоа е времето кога Џексон е во своите 30-ти и остварува глобален успех со „Bad“ и „Thriller“.

Дизајнерот сметал дека пејачот е премногу слаб, како да не јаде.

-Мајкл Џексон навистина не јадеше. Имавме ручек во неговата куќа, пилешко на скара и некоја салата. Тој само многу пиеше дитеална Кока Кола. Да се запознае Џексон за мене беше нешто надреално. Беше во неговите 30-ти, но всушност беше како мало момче. Толку фин, сладок и талентиран, но по малку проблематичен – се сеќава Хилфигер.

Во текот на 1990-тите, Мајкл го контактирал дизајнерот затоа што сакал да креаира брендирана линија облека. Како што пишува во својата нова книга, пејачот го повикал на ранчот во Калифорнија.  Со Томи во таа пригода биле ќерката Али и братот Енди.

На договореното место биле донесени со хеликоптер, а потоа и возче, во кое имало и кондуктер.

Во книгата Хилфигер ќе напише: „Се возевме низ Недојдија и немаше никој таму. Сè беше празно и панорамското тркало и амфитеатарот. Застанавме точно пред куќата и во тој момент излезе батлер со бели ракавици. Ни рече: „Здраво. Мајкл сега ќе дојде, ве очекува“. Ние стоевме пред тоа огромно здание, кога во еден момент влезе жирафа, која ја следеа малечки слонови. Али и Енди се гледаа меѓу себе мислејќи „Ова е лудо!“.

Кога Томи се среќава со Мајкл во неговата канцеларија, пејачот носи очила за сонце и „седи во енормно голем трон во бургунди нијанса со златно.

„Неговото лице беше оперирано, а преку носот имаше фластери. Беше немирен и рече: „Навистина мора да ја направиме оваа линија заедно. Имам милиони обожаватели ширум светот што го чекаат ова“, со неговиот тенок глас што на сите ни е познат“.

Дизајнерот вели дека тој и неговите партнери не постигнале договор со пејачот, бидејќи во тоа време имале поголеми зделки на ум, како преговорите за купување на „Клевин Клајн“.

„Мајкл продолжи да ни се јавува и да нè моли да размислиме повторно, но нашата одлука беше цврта и тој никогаш не ја реализираше линијата за облека“, пишува Хилфигер во книгата.

Инаку, дизајнерот денес соработува со еден од најпознатите модели на денешницата, Џиџи Хадид, токму околу создавањето на нови линии облека, а задолжен е за стилот на бројни познати ѕвезди.

Уште од најавата, неговата книга предизвика големо внимание, бидејќи ова е првпат дизајнерот од негова перспектива да ја раскаже животната приказна, со сите подеми и падови. 

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
929 пати