„Under the Gunn“ - новото супер шоу на Тим Ган

16 ноември 2013

По успешниот „Проект Писта“, неверојатниот Тим Ган добива свое ново модно шоу. Неговото ново шоу ќе се вика „Under the Gunn“ и во него ќе се натпреваруваат 15 млади дизајнери почетници, под стручно водство на господинот Ган и неговиот тим експерти.

Но, тоа не е единствената вест поврзана за него. На малите екрани повторно се враќа и „Проект Писта“ во кое Тим Ган и понатаму ќе биде ментор, што значи дека ќе има полни раце работа.

Новата сезона на добро познатото модно шоу ќе почне на лето, а „Under the Gunn“ шоуто започнува веднаш по Нова година. Едвај чекаме!

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Актуел