Проект Писта добива своја тин-верзија

12 јуни 2014

Project-runway-1

Љубителите на модното шоу „Проект писта“ ќе се израдуваат на веста дека во подготовки е нова верзија на познатото шоу. Повторно се работи за моден натпревар каде учесниците ќе бидат близнаци и тинејџери. Како домаќини ќе се појават ТВ ѕвездата Ванеса Симонс и победникот на четвртата сезона на шоуто, дизајнерот Кристијан Сиријано, кој ќе биде и во улога на судија.

Она што особено привлече внимание е и изјавата на Тим Ган, кој го поддржува ова издание, но не ја криеше желбата да се направи „Проект писта“ во која моделите ќе носат големина нас 42.

Тим Ган и Кристијан Сиријано Тим Ган и Кристијан Сиријано

Дали ќе му се исполни желбата на Тим, која многумина ја поддржуваат, а со тоа шоуто ќе добие уште повеќе публика, останува да видиме. Засега ќе чекаме да ја видиме креативните на тинејџ-дизајнерите.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Актуел