Вака изгледа постерот за скопскиот Fashion Weekend есен- зима 2013/14

26 септември 2013

Откако ви ги најавивме подготовките за претстојниот втор дел од модниот викенд во Скопје чија инспирација овој пат се води од панкот и актуелните светски модни трендови, сега ви го прикажуваме и официјалниот постер со кој низ целиот град ќе се најави другата половина од модното случување

И овој пат како продуцент на сработеното се потпишува директорката на модниот викенд, Света Богова Јовановска, фотографијата е изработена од брачниот пар Ани и Дими, двата модели како заштитни лица се Дарко и Симона од модната агенција „Пoдиум“, стајлингот за темата е на Горан Сиџимовски, фризура на студио Роланд и Бубе ин, шминка- Зоран Шурбевски, додека графиката е дело на Анита Гај. Колку за потсетување, Модниот Викенд во Скопје ќе се одржи од 22-ри до 30-ти октомври и тоа по осми пат.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел