Викторија Бекам сама со децата на насловна на Вог

5 септември 2018

Пред некој ден беше објавена новата насловна на модната библија Вог на која можеме да ја видиме познатата дизајнерка Викторија Бекам како позира во друштво на нејзините четири деца и кучето.

Веднаш откако беше објавена насловната страница, обожавателите на семејството Бекам почнаа да шпекулираат зошто Дејвид не е на фотографијата и повторно ја отворија темата за развод на моќната двојка.

Неколку дена откако беше објавена насловната со Викторија и децата, магазинот реши да објави уште една само за претплатниците на која можеме да ги видиме дизајнерката и фудбалерот на прекрасна црно – бела фотографија.

Во интервјуто за магазинот со кое всушност дизајнерката прославува 10 години кариера, говори за нејзиното семејство, за децата, за малата Харпер која ја нарекува „мозокот на семејството“, но и за нејзиниот сопруг.

Нејзините зборови со кои ги опишува сопругот и нивниот брак, ги збунија обожавателите кои посочија дека требала да избере малку посоодветни зборови.

„Дали било кој од нас ќе беше во оваа позиција во која сме сега, да не се сретневме и бевме заедно сите овие години?“, вели дизајнерката мислејќи на нејзиниот сопруг.

„Кај нас сè е поврзано со семејството, со заедницата. Посилни сме кога сме сите заедно, отколку како индивидуи. Сите ги почитуваме семејните врски и тоа е клучот“, вели дизајнерката во интервјуто, одговарајќи на прашањето во каква состојба е нивниот брак.

Таа говори и за нејзината ќерка, малата Харпер за која ќе каже дека веќе го наследила нејзиниот стил и дека обожава да носи потпетици дома, но никако надвор.

На дел од фотографиите за магазинот таа повторно носи некои од нејзините најпознати стајлинзи меѓу кои и венчаницата, познатиот „мачка – костим“, зелениот фустан и уште неколку други со кои се навраќа на кариерата низ годините.

Објавено:
5 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
929 пати