Во Лондон се отвара нова модна оаза

29 октомври 2013

Британците се во исчекување на отварање на новиот салон на J. Crew на 8 ноември и иако цените ќе бидат за 40% поскапи од американскиот пазар, сепак критичарите и експертите предвидуваат голем успех на овој бренд.

Брендот кој пред 30 години започна со продажба преку каталог, денеска поседува над 249 продажни салони со годишна заработка од над два милијарда долари. J.Crew  ужива голема популарност не само кај холивудските ѕвезди, туку и кај просечните љубители на квалитетна облека, па токму и поради тоа успеа да се создаде реномирано име кое ужива популарност насекаде во светот.

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Актуел