•
27 ноември 2014
Уредниците на списанието WWD селектираа 20 кандидати кои изминатава година го привлекоа вниманието во светот на модата и со својата работа и творештво дадоа особен придонес за афирмација на модната индустрија. Имињата на победниците ќе бидат откриени на 15 - ти декември.
На листата номинирани кандидати се најдоа имињата на Бернард Арно, сопственик на LVMH групацијата, потоа дизајнерските имиња како Долче и Габана, Тори Бурч, Николас Геские, Ралф Лорен, Жан Пол Готје, Хеди Слиман, Диана вон Фурстенберг, Александар Ванг, основачот на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук, Марк Цукенберг, директорот на Sears Holdings, Едвард Ламберт, претседателот на Петтата Авенија, Меригеј Мекги, претседателот на Таргет, Брајан Корнел и многу други.
Објавено:
27 ноември 2014Категорија:
Актуел