Заработка од 550.000 долари со еден пост на социјалните мрежи

27 јули 2016

Факт е дека холивудските ѕвезди заработуваат огромни суми пари од рекламните кампањи.

Рекламирањето на светските брендови на социјалните мрежи е релативно нова пракса, која е ултра популарна и расте во нагорна линија во секој поглед, а познатите личности секако тоа знаат добро да го искористат.

Во тој маркетинг свет, една од моментално најдобро платените популарни личности е младата пејачка Селена Гомез. Оваа млада дама, која важи за светска поп сензација, со еден пост на социјалните мрежи заработува и до 550.000 долари.

Таа има над 180 милиони следбеници на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, заедно.

Само на Инстаграм има над 90 милиони следбеници, а во моментов нејзина фотографија има најголем број „лајкови". На дневно ниво, нејзиниот број на следбеници се зголемува за 220.000 нови.

Се разбира тоа е магнет за маркетинг стратезите на големите компании кои секојдневно ѝ нудат соработки да ги рекламира нивните производи.

 

Објавено:
27 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.301 пати