Жизел се соблече за Живанши

13 јули 2016

Иако топ моделот Жизел Бундшен најави дека ќе се пензионира од модниот свет, сепак таа и понатаму активно е присутна во нејзината матична професионална сфера.

И тоа постојано е ангажирана во низа атрактивни кампањи. Последната се однесува за џинс линијата на луксузниот бренд Живанши за чија кампања Жизел се соблече топлес.

Црно-белите фотографии за оваа кампања ги направи познатото фотографско дуо Луиџи и Ланго, а ги стилизираше модната ветеранка Карин Ројтфелд.

Објавено:
13 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
229 пати