Мишел Вилијамс во ново урбано сценарио на Луј Витон

10 април 2014

Холивудската миленичка, талентираната актерка Мишел Вилијамс повторно е главна протагонистка во кампања на луксузната француска куќа Луј Витон. Овој пат се работи за промоција на новите урбани чанти наменети за жените кои го живеат современото и динамично животно темпо.

Чантите се колоритни, во поголем избор на бои, со чисти линии сведени на минимализам во тотално модернистички форми.

Вилијамс во рекламната кампања ја проектира токму вистинската современа жена со вистинската чанта од Луј Витон.

За потребите на кампањата беше ангажиран проверен тим на професионалци, фотографиите ги направи познатиот германски фотограф Питер Линдберг, а стилизираше Карин Ројтфелд.

 

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци