Ања Рубик како заштитно лице на есенската колекција на Манго

23 јули 2014

Судејќи според временските прилики, инвестицијата во нова гардероба е поволно решение, а шпанскиот бренд полека ни ја најавува својата понуда за есенските денови. За лансирање на новата колекција, Манго го ангажираше полскиот супермодел Ања Рбик  која во новата кампања совршено ги претставува модните парчиња и додатоци од брендот кои се всушност совршен спој на цената со квалитетот.

Доколку сте решени да ја обновите гардеробата и да се спремите за есенската сезона со шик парчиња, тогаш погледнете ја понудата на Манго, од која посебно се издвојуваат коженото здолниште, панталоните со широк крој и кимоно јакните.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Колекции