Антонио Берарди ни предлага геометриска прецизност за сезонава

25 октомври 2013

Геометриски прецизни линии, строги кроеви на капутите кои ги има во изобилство и исто толкав избор на здолништа со карнери или во цигара- форма, ни предлага Антонио Берарди за оваа сезона.

Инспириран од идејата да создаде една компактна целина, Берарди посветено работел на деталите кои се совршено синхронизирани во комплетната слика. Особено вниманието го одвлекуваат капутите со отвори наместо џебови и блејзерите со нагласени рамена и повеќеслојни јаки.

Карактеристично за овој период од годината, доминираат сивите тонови, зачадените бои, но повремено се разигруваат и со нагласена сина и црвена боја.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Колекции