Колаж од текстури и микс од бои за лето 2013
•
7 јуни 2013
Светските модни писти за ова лето порачуваат: колажот од текстури и миксот од бои ќе бидат апсолутен хит оваа година. Слоевитата облека и мозаикот од егзотични принтови продефилираа во летно-пролетните колекции на Александар Меквин, Антонио Берарди, Фенди... Во прилог ги издвојуваме највпечатливите парчиња од колекциите на најзвучните дизајнерски имиња.