Барбара Буи со зимска линија која изобилува со контрасти

8 ноември 2014

Зимската ready – to – wear колекција на Барбара Буи за актуелната сезона е синоним на противречности и изобилува со контрасти.

Линијата е навидум поделена на два дела. Првиот круг на писта изобилува со бели, плетени, предимензионирани понча, кои тешко паѓаат по должината на силуетата на моделите.

Освен нечисто белата нијанса во колекцијата на моменти доминира златно – кафеавиот дезен, за на крајот да заврши со креации главно во црнa боја. Покрај почнчата во кои дефинитивно ќе се вљубите, дизајнерката презентира главно бунтовнички, рок стил на модели со андрогени елементи и ноншалантна женственост.

Широките панталони до под колена, кожените палта, транспарентните кошули, оделата, сакоата, се само дел од плејадата дизајни кои ја сочинуваат линијата. Строгите и крути форми, геометрискиот изглед, минимализмот, предимензионираноста и едноставниот крој одлично соодветствуваат со монохроматската игра на белиот ден и црната ноќ чии граници ги разбива златниот дезен.

 

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Колекции