Кристофер Бејли, инспириран од луксузот, создаде поинакви визии кои ги презентираше во пред – есенската колекција за 2015 година на Барбери која изобилува со многу контрасти и употреба на спротивставени техники и текстури. Капутите и јакните, кои се главениот двигател во однос на продажбата, ја задржаа својата главна улога и се трансформираа во неколку модели кои според Бејли ќе бидат клучни.
Богата палета вклучува со бели, зелени и црни кратки кожени јакни во авијатичарски стил, капути изработени од меко и круто крзно кое може да е еднобојно но кај некои дизајни боите се преливаат. Не се запоставени предимензионираните модели на кратки и долги палта од кои дел се декорирани со популарниот животински леопардов принт, дел се еднобојни, а дел се украсени со интересен дезен на бои кои е во склад со основната боја на моделот.
Бејли - главниот извршен и креативен директор на брендот Барбери, не си поигра само со капутите изработувајќи ги во различни текстури и должини, туку успеа да креира деликатни парчиња облека од шифон, принтани материјали, везови, кашмир и тантела. Најголемо внимание привлекуваат фустаните изработени од тантела и принт од сино – бели детелини, но исто така и џемперите од кашмир. Во продолжение погледнете ја галеријата од пред – есенската колекција за 2015 година на Барбери.