Барбери им препорачува на мажите: Класика со боемски доем и многу тантела

16 јуни 2015

Една од најочекуваните ревии на модната недела за мажи во Лондон секогаш е онаа на Барбери, не само поради звучноста на името туку и поради инвентивноста во изразот што секогаш завршува со наметнат нов моден тренд.

Овој пат Кристофер Бејли во својата колекција за пролет-лето 2016 се задржал на класиката, но направил скршнување од правилата со тоа што, нетипично за машкиот моден дизајн, се фиксирал на еден материјал што доминира во целата колекција: тантела. На овој начин тој дозираше возбуда, во инаку класичната колекција без големи егзибиции.

Аутфитите најчесто се состојат од комбинации на мантили и кратки палта под кои ѕирка кошула или блуза од тантела со широк отвор околу вратот,  со што до некаде им дава феминизиран изглед на стајлинзите.

Преовладуваат земјените тонови, најчесто комбинирани со тегет, а финишот на изгледите е впечатливо дефиниран со долгите шалови околу врат и стилизираните актовки.

Објавено:
16 јуни 2015
Категорија: 
Колекции