Божиќна бајка од s. Oliver

19 декември 2014

s. Oliver ја лансираше новата кампања за претстојните празници која визуелно ја претставува еуфоријата во пресрет на Новата Година и Божиќ, но низ призмата на модно стилиризирани парчиња.

Модниот бренд лансираше колекција за мажи и жени и тоа свечени фустани, одела, кошули, сакоа, џемпери, тексас парчиња и јакни.  Новогодишните и божиќни празници се период од годината кога семејството се собира во прославување на убавите моменти и се наздравува за новите почетоци. Токму значењето на семејството е основна тематика по која се води s. Oliver за празничната кампања, која може да ја погледнете во продолжение.

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Колекции