Божиќна колекција на „Tопшоп“
•
12 ноември 2015
Британскиот бренд „Топшоп“ ја лансираше божиќната колекција, а како и секогаш, ангажираше познати имиња.
Овој пат, во преден план се најдоа Бела Хадид, Ели Ричардс и Софи Аренс, модели што во моментов ја градат својата кариера и за кои ова несомнено ќе биде голем успех и предност за понатаму.
Колекцијата пак, содржи парчиња каде доминираат светки, кашмир, тантела, реси, монистра и животински принт.
Различните сензибилитети на девојките сосема соодветствуваат на различните стилови што се вклопени во оваа колекција, така што „Топшоп“ не препуштија ништо на случајот.