Овој викенд почна со неверојатната информација дека познатиот светски дизајнер Џамбатиста Вали креираше магични фустани за популарниот high street бренд H&M, а истите веќе можете да ги најдете онлајн.
Како и секоја година, така и оваа познатиот бренд соработува со некој од најголемите светски дизајнери, а овој пат изборот не можеше да биде подобар.
Соработката со дизајнерот брендот ја претстави на amfAR галата во Кан каде токму во овие парчиња беа облечени некои од најпознатите амбасадорки на H&M.
Дизајнерот веќе долги години е познат по бајковитите фустани од тул во прекрасни бои, но и по раскошните креации во кои уживаат некои од најпознатите дами во шоу – бизнисот.
Оваа колекција е само вовед во онаа што целосно ќе биде претставена на 07 ноевмри и ќе биде достапна за сите.
Инфо и фото: Bonjour.ba